Неодамна на телевизиските канали започна да се емитува новиот спот на домашниот тешкометален состав Аргус, реализиран (со филмска камера и техника) во соседната Бугарија. Имено, спотот премиерно беше пуштен на МС телевизија на 12. април, по што е дистрибуиран и до останатите ТВ-станици. За неупатените, Аргус постојат од далечната 1988. година, и досега имаат објавено два албума. Синглот Верувај, пак, го најавува враќањето на македонската музичка сцена, и наскоро ќе биде поставен на МММ со тоа што ќе може бесплатно да сеdownload-ува.
Паралелно со тековните активности, Аргус ја подготвуваат и својата официјалнаweb-страница, каде ќе можат да се најдат сите информации врзани за бендот, како и спотот за темата Верувај...