| петок,
1/27/2012 |
посети: 8.047.837 моментално:
28
|
|
|
|
|
КолуМММна, 5. март 2008. Џака Накот: Стандард брате, јебиг@! Скопје 95 година – Хип-хоп групи околу 10; Скопје 2008 година – Хип-хоп групи околу 100! Меѓутоа, се уште истата реалност на медиумскиот мрак во градов, инквизиција за хип-хоп музиката! Се сомневам дека Легијата ќе бидат некад на МакПланета или кај Лила, Б13
...повеќе...
|
|
|
|
| |
среда, 5. март 2008. Британците воодушевени од Четкар! За Soulchoonz - најдинамичната британска музичка куќа, на која и е специјалност соул музиката, албумот на Владимир Четкар We Will Never End се издигнува над сите досегашни квалитетни музички изданија, објавени во изминатиов период! Во својата рецензија на www.soulchoonz.com британскиот критичар Barry Towler вели: Откако албумот пристигна мора да кажам дека едноставно не можам доволно да го испофалам. Уште на првото слушање го абсорбирав како сунѓер: секоја нота, секоја нијанса, секоја модулација..., a моето воодушевување постојано растеше. Буквално секоја трака од овој албум е есенцијална
...повеќе...
|
|
|
среда, 5. март 2008. Брука! Џака повторно п(л)ука! Новиот сингл на познатиот скопски хип-рапер:) (и колуМММнист!) Да Џака Накот, насловен едноставно Брука, за free download можете да го најдете во нашата секција mp3. Темата Брука која ексклузивно може да се симне единствено од МММ, и за која наскоро ќе биде реализиран и видео-спот, всушност претставува најава за новиот албум на Џака – Прирачник за модерна војна
...повеќе...
|
|
|
КолуМММна, 4. март 2008. Александар Стојанов – Зорин: Машко-женските презимиња на несигурните скопјанки Не ме заобиколи грипот ниту мене. Ете, и јас станав дел од скопската шема. Да не останам покус. И што да се напише кога цела ноќ сум во полухалуцинациска состојба, во бунило?! Не можам ни да мрчам. А, всушност како не, не сум можел. Тоа е барем најлесно за еден просечен скопјанец со просечно мрчаторско искуство. Не дека нема подобри мрчатори од мене, но навистина ви велам, се трудам да мрчам таму кај што има потреба да се измрчи. Еве, што ми боде очи во последно време? Све попопуларно е девојките во Скопје да си го променат презимето од она типичното, женско, кое одсекогаш си било такво какво што си било, во онаа форма, во стилот на - Чија е момава?
...повеќе...
|
|
|
вторник, 4. март 2008. Човек без спомени на Дарио – free download! Дека добрата соработка меѓу Дарио и Македонска Музичка Мрежа продолжува со сите нишани докажува фактот што својот најнов сингл Човек без спомени, според кој е насловен неговиот последен албум, популарниот пејач за бесплатно симнување им го отстапува на сите наши посетители. Единствено што треба да направите е да се линкате до секцијата mp3, каде се наоѓа песната. Освен тоа, Човек без спомени деновиве доби видео-запис
...повеќе...
|
|
|
вторник, 4. март 2008. Познати натпреварувачите на Рок-Фест 2008 Вкупно 14 состави од цела Македонија, ќе настапат во натпреварувачкиот дел на Рок-Фест 2008. Беновите ќе бидат поделени во три квалификациони групи, кои ќе се одржуваат на 14, 15 и 20 март, во МКЦ во Скопје. Патниците во финалето ќе ги одреди публиката која со влезниците ќе може да гласаат за својот фаворит. По пребројувањето на гласовите, шестте состави со најмногу гласови од сите три натрпреварувачки вечери одат во финалето што ќе се одржи на 28 март
...повеќе...
|
|
|
вторник, 4. март 2008. Копров, Неделковски и Дојчиновски ќе ја претставуваат Црна Гора на Евросонг во Белград! Жирито на ТВ Црна Гора по преслушувањето на нарачаните 4 композиции наменети за Стефан Филиповиќ, едногласно одлучи Црна Гора на Евросонг во Белград да ја преставува композицијата Не дај ми да полудим на македонските автори Григор Копров (музика), Огнен Неделковски (текст) и Владимир Дојчиновски (аранжман). Ова е првпат македонски автори да претставуваат друга држава на Евросонг и е навистина големо признание за овие тројца автори
...повеќе...
|
|
|
вторник, 4. март 2008. Punk Attack во Вулкан Програмата насловена Punk Attack ќе се одржи задутре во скопскиот клуб Вулкан. На експлозивниот концерт ќе настапат домашните панкери Дефект, Холанѓаните Disturbance и Американците The Low Budgets. Свирката стартува во 21 часот а влезниците се по цена од 200 денари
...повеќе...
|
|
|
вторник, 4. март 2008. Нова фото-сесија на Александра Пилева Александра Пилева деновиве интензивно работи на својот нов албум, но наоѓа време и за некои придружни ангажмани, како што е фото-сесија која ексклузивно ќе имате прилика да ја видите на МММ најдоцна утре, кога ќе го промовираме и нашиот нов дизајн. Сепак, за да ја задоволиме вашата љубопитност објавуваме прва фотографија од серијалот на Јане Темелковски
...повеќе...
|
|
|
КолуМММна, 3. март 2008. Угро: Тамаросана, царе! Топло ми е некако на душа дека баш Тамаросана (така си ја викам јас), одина Евровизија, затоа што одамна ја знам, ама и дека е квалитет кој и не баш со леснотија се снаоѓаше и пробиваше во естрадната хиерархија. МРТВ се извади од лајна овој пат, иако ќе ги мезев натенане како џигерче кај Љуц (Бог да го прости), дека традиционално од 1993 год па наваму редовно засеруваат со концепција, тон и слика, па после се правдаат како мали деца – вели Угро во својата колуМММна посветена на Евросонгот
...повеќе...
|
|
|
понеделник, 3. март 2008. На едно место сите песни на Владо Јаневски, необјавени фотографии и ексклузивни есеи Проектот со кој Владо Јаневски во 2008-ма ќе ги израдува своите фанови е збирка поезија, во која ќе се најдат сите песни кои тој ги испеал во својата кариера, потоа песни кои ги напишал за другите изведувачи, ексклузивна фото-галерија составена од необјавени фотоси, и неколку есеи во кои тој зборува за љубовта, животот, музиката... Книгата се очекува да биде готова до крајот на оваа година
...повеќе...
|
|
|
понеделник, 3. март 2008. Во Србија повторно се продава книгата за Тоше По распродадениот првиот тираж од 10.000 примероци на книгата Балканскиот анѓел, која српскиот издавач Правда прес му ја посветил на нашиот легендарен Тоше Проески, од Белград пристигнуваат информациите дека книгата е повторно во продажба. За жал, освен цената која беше ексклузивна, бидејќи по киосциве се продаваше за 250 динари и фактот дека во неа беше прераскажан животот на најголемата балканска мегаѕвезда, ништо во книгата не беше на нивото кое му доликува на делото и ликот на Тоше
...повеќе...
|
|
|
понеделник, 3. март 2008. Последниот завет на Стиховен калибар Стиховен калибар започна со снимањето на својот трет албум, насловен Последниот завет, на кој како гости ќе се најдат неколку познати македонски хип-хоп имиња, како и нивните браќа по рима од ex-YU просторите. На првиот сингл од истоимениот албум Последниот завет, на Стиховен калибар му гостува македонската соул пејачка Miyatta. Оваа тема неодамна е снимена во G Madda Funk студиото во Скопје
...повеќе...
|
|
|
недела, 2. март 2008. Посетителите на МММ се изјаснија по прашање на национален Евросонг 2008 Запрашани за тоа како го оценуваат домашниот Евросонг, посетителите на МММ, во најголемата мерка (26,23%) се со ставот дека не победи нивниот фаворит. За разлика од нив, 19,33% сметат дека победија најдобрите! Дека националниот Евросонг бил така-така сметаат безмалку 16% о анкетираните, за разлика од 22% кои се со ставот дека бил полош од изминативе години, и 16,17% кои сметаат дека бил подобар од 2007-ма, 2006-та, 2005-та
...повеќе...
|
|
|
недела, 2. март 2008. Песните на Калиопи & Гаро и на Самарџиев – нови предлози на Топ 7 Актуелните синглови на Калиопи & Гарабет Тавитјан, патриотската Едно име имаме, исполнета на последното издание на Златна Бубамара на популарноста, и Дојди до мене на Ристо Самарџиев, позната и како Медитеран ска, со која брилјираше на домашниот Евросонг, се нови предлози на Топ 7 на МММ, за кои сме убедени дека високо ќе котираат на нашата топ-листа. Обете песни бесплатно можете да ги симнете од нашата секција за free download!
...повеќе...
|
|
|
сабота, 1. март 2008. Адриа Топ 20 привремено во рацете на две прекрасни Македонки - Дани и Александра! Пред помалку од еден месец МТВ Адриа почна со еден посебен циклус на емисии Адриа Топ 20, бидејќи раководењето на плејлистата во свои раце привремено го зедоа музичарите, поточно најомилените изведувачи од регионот што се на најпрестижната плејлиста на оваа телевизија, често на самиот врв. На 15 март на гледачите ќе им се претстави и симпатичната нашинка Дани, регионалниот победник во изборот New Sounds of Europe, а една недела подоцна водителското кормило во раце ќе го земе уште една наша рокерка - Александра Пилева
...повеќе...
|
|
|
сабота, 1. март 2008. Новости од Филтер... За сите пријатели и подржувачи на Филтер, неколку корисни информации... Издавачката куќа Филтер наместо својата web-страница, отсега ќе го користи профилот на страницата
MySpace. Во следниве неколку месеци, пак, ќе бидат објавени нови синглови и EP изданија на сите музичари кои снимаат за овој македонски лејбл. Во втората половина на 2008-ма ќе бидат објавени и првите албуми на Филтер
...повеќе...
|
|
|
сабота, 1. март 2008. Гаџа порачува: Да ја оживееме Чаршијата! Да ја оживееме Чаршијата и да ги тргнеме децата од улица - двете пораки што Адријан Гаџа ќе ги пренесе на вечерашниот концерт во Старата Скопска Чаршија. Свирката на платото во Чаршијата стартува во 19.30 часот. Со овој настап на Адријан, меѓу другото стартува и оддолжувањето кон публиката и фановите кои нему и на Тамара и Врчак им ја донесоа победата и можноста да ја претставуваат Македонија на Евросоног
...повеќе...
|
|
|
КолуМММна, 29. февруари 2008. Стефан Маркоски: Долго, па долго Настани ко настани, беа и поминаа. Што остана од нив? Уф. Ај по обратен редослед. Оскратите во понеделникот изутрина мене ми беа досадни. Како ретко досега, организаторите го утнаа шоуто, а славеа 80 години од наградите. Додуша мораа да се соочат со долгиот штрајк на сценаристите. Тие што си зедоа награди се задоволни, а останатите повеќе среќа догодина. Што ќе биде ако кај нас МКРТВ штајкува неколку месеци? На што ли ќе личеше нашиот национален Избор за песничка на Евросонг?
...повеќе...
|
|
|
петок, 29. февруари 2008. Три натперверувачки вечери на Рок-Фест 2008 Поради големиот интерес за натпреварувачкиот дел од Рок-Фест, наместо две натпреварувачки вечери, како што беше првичната замисла на организаторите, годинешното издание ќе се прошири на три квалификациони вечери. Датумите за натпреварувачките вечери веќе се потврдени и тие ќе се одржат на 14, 15 и 20 март, додека пак финалето на ќе случи на 28. март, а целата манифестација ќе се случува в МКЦ во Скопје
...повеќе...
|
|
|
петок, 29. февруари 2008. Ноне од Виница Via Тетово, за Австралија По настапот на годинешниот домашен Избор за Песна на Евровизија 2008 со песната Врати се, Ноне Неделковска полека ги финишира своите настапи по зимските клубови и дискотеки низ Македонија, пред заминувањето на турнеја со уште неколку македонски поп-пејачи во далечната Австралија. Така вечерва Ноне ќе го има своето едноиполчасовно музичко шоу во елитната дискотека Ефект во Виница, а веќе за утревечер е закажан нејзиниот целовечерен настап во дискотеката Анастасија во тетовска Вратница
...повеќе...
|
|
|
петок, 29. февруари 2008. Елвир во кавадаречка Александрија По кусиот одмор во Охрид, Елвир повторно им се враќа на обврските. Тој утре (сабота, 1. март), гостува во кавадаречката дискотека Александрија. Настапот почнува на полноќ, а на репертоарот освен веќе добро познатите хитови, ќе биде отпена и неговата последна композиција Армија од домашниот Избор за песна на Евровизија
...повеќе...
|
|
|
петок, 29. февруари 2008. Конкурс за Нови ѕвезди на Охрид фест 08 Фестивалот Охрид фест - Охридски трубадури 08 воведува вечер на Нови ѕвезди. За таа цел Фестивалот распишува конкурс на кој можат да учестуваат сите граѓани на Република Македонија кои имаат од 18 до 25 години. Советот на фестивалот Охрид фест – охридски трубадури од пристигнатите пријави, ќе одбере 12 фолк-изведувачи и 12 поп-интерпретатори кои ќе настапат во вечерта на Нови ѕвезди на Охрид фест 08
...повеќе...
|
|
|
петок, 29. февруари 2008. DJ Switch и Chico Red во The Club Утре во The Club ќе гостуваат DJ Switch (UK DMC Champion) и Chico Red од Лондон. DJ Switch има само 20 години а веќе два пати е избран за национален DMC шампион. На оваа забава покрај DJ Switch и Chico Red ќе настапат и нашите диџеи Bazel, Fluid и Chvare. Забавата започнува на полноќ а влезницата е 150 денари
...повеќе...
|
|
|
петок, 29. февруари 2008. Петнаесет македонски рози за 100 денари! Како што најавивме, вчера во Дуомо беше промовирано CD-то Македонски рози Vol.1, на кое се наоѓаат 15 преработки на тредиционалните теми, во нови аранжмани, главно дело на Мите Димовски (ex Архангел). Спакувано во картонска опаковка, ова интересно CD, со времетраење од 60-ина минути, може да се купи за 100 денари
...повеќе...
|
|
|
|

АНКЕТА
|
 |
| |